Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот.
Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е проблем ако од здравствени причини отсуствуваат ден-два од настава. Но, додаде, треба да се напушти негативната појава од минатото кога од различни причини се скратувале учебните денови.
-Жал ми е што мора да направам груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинки и на училиште, одат на настава се додека нивното здравје не е загрозено. Ова го велам заради коментарите дека нашите деца многу учат и се оптоварени. Не, не се. Доколку здравјето им е во прашање, секако лекарите и родителите ќе одлучат за тоа, но доколку не е ништо сериозно, сметам дека и да отсуствуваат ден-два не е проблем. А би било проблем, како што во минатото се случуваше, да ги скратуваме учебните денови, учениците да отсуствуваат затоа што родителите ги носат на поевтин одмор, за да се подготват за писмена итн. Овие негативни појави полека ќе треба да почнеме да ги отстрануваме. Но, секогаш ќе одлучуваме во корист на нивното здравје. Во овој момент немаме информации дека нивното здравје е загрозено, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ.
MИА
Ново на Сител
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
