Македонија
17. јуни 2025 - 16:37

8 македонски државјани од Израел се враќаат дома

Осум македонски државјани се евкуирани од Израел. Првиот конвој со  македонски државјани утрово го напуштија Тел Авив. По копнен пат се спроведени на безбедно место на границата со Египет од каде ќе бидат превземени за летот кон Македонија. Владиниот авион се упати кон Египет а македонските државјани се очекува вечерва да пристигнат дома.

Од МНР велат ова е првата група македонски државјани кои побарале да бидат евакуирани од Израел. Во постојана комуникација се и со останатите 20 мина кои се пријавиле во МНР но одлучиле да чекаат да се во воспостави  редовен авионски сообраќај од Тел Авив за да се вратат во Македонија.

„ Првата група македонски државјани утрово, како дел од поголем конвој, го напушти Тел Авив и се упати кон границата со Египет. Од таму, се очекува да бидат преземени со возило и транспортирани кон Шарм ел Шеик, од каде по воздушен пат, со авион во сопственост на Владата, ќе бидат транспортирани на територијата на нашата држава.“ – велат од Министерството.

Македонската амбасада во Тел Авив се наоѓа на безбедна локација и за сега нема намера за евакуација на дипломати од ДКПата.

До овој момент нема информации за Македонци во Иран кои бараат некаква помош.