Македонија
23. February 2026 - 16:34

9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје

Карамбол на патот Штип-Скопје. Утрово сум возила се судрија едно по друго. 

Повредени се вкупно девет лица. Со возила на Итната медицинска помош се пренесени ви штипската болница. Двајца се посериозно повредени, останатите поминале со полесни повреди. 

Искршени  шофершајни, парчосани браници и делови расфрлани по автопатот – ваква слика ги пречека екипите на терен. 

На местото на несреќата затекнавме осум оштетени автомобили. Најголемиот дел со сериозни материјални штети – искршени стакла, вдлабнати врати и уништени браници. Остатоци од возилата и скршено стакло со часови останаа на коловозот, додека екипи работеа на расчистување на теренот.

Неофицијално, според првичните информации, причината за карамболот е лизгав коловоз.

Увидот траеше повеќе од 8 часа. Додека јавен обвинител ги утврдуваше околностите под кои се случила несреќата, сообраќајот беше целосно затворен. Подоцна, возилата се пропуштаа наизменично по една лента.