96 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 96 возачи, меѓу кои 30 мерки за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 20 во населено место и 10 надвор од населено место, 23 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно паркирање.
Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за управување под дејство на алкохол.... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност