Македонија
27. August 2025 - 16:41

Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции

Околу 45 милиони евра лани платил Фондот за здравствено осигурување за кардиолошки и кардиохируршпки интервенции во јавни и приватни болници и клиники. Во 2024 година биле извршени 9404 операции на срце, васкуларна хирургија, стентирања и бај пас во установи каде се вршат вакви дејности.

Според податоците на Фондот, државната кардиохирургија се уште има слаба реализација на кардиохируршки операции, односно, лани имале само по 2 во месец за разлика од двете приватни болници кои правеле по две до три дневно.

Овие податоци ќе и бидат од корист и на интерната комисија формирана од Министерството за здравство која треба да ги собере и анализира податоците за сите вакви интервенции и покриени од Фондот и платени од џеб.

-Фондот плаќа 79 илади денари за интервенција на инфаркт со вградување на стент. Тоа е цената што ја плаќа Фондот. Зопто ова го нагласувам..затоа што ова се цените по кои работат и јавните и приватните здравствени установи, изјави Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствнео осидигурување.

Формирањето на комисите, барањето на странски доктори и анализи на интервении доаѓа по наодите на д-р Сашко Кедев дена во приватни болници правеле непотребни интервенции за профит.

Дали и колку такви случаи има не се знае, но министерсвтото за здравство и денеска ги повика граѓаните да пријавуваат ако имаат сомевања за кардиолошки и кардиохируршки интервенции а истиот апел го упати и директорот на Фондот, според кој претставките би ја олесниле работата на комисијата.

-Многу би ја олеснило работата на комисијата ако има претставки. Меѓутоа ние треба да направиме и слепа проба чим е отворена расправата бидејќи слепата проба ќе ни покаже колку е масовна таа појава. Бидејќи не е само важно дали има случаи туку и колку ги има. Имате цени и евтини и скапи, јас ако сум во комисијата бисе фокусирал на скапите интервенции, вели Клековски.

И додека интерната комисија составена од доктори и од јавни и од приватни установи ја усогласува методологијата на работа, се уште не е кипиран тимот на странски доктори кои треба да го правата стручниот надзор.