Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја поздрави „секоја иницијатива што може целосно да ја заврши војната“, нагласувајќи дека конфликтот му бил „наметнат“ на Иран.
Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-би-си.
Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер за надворешни работи рече дека „не изгледа дека САД се подготвени да ја запрат својата агресија“.
Арагчи, исто така, рече дека Иран не се залага за прекин на огнот, туку за „целосен и сеопфатен крај на војната“.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека неговата администрација размислува за „намалување“ на воените операции на Блискиот Исток, иако САД објавија дека испраќаат повеќе воени бродови во регионот, а Иран се закани дека ќе нападне туристички места низ целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
