Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
Пресврт по ултиматумот од 48 часа кој Трамп им го даде на Иранците. Ги одложи на 5 дена нападите на електранските, откако објави дека имал добри и продуктивни разговори со режимот на Техеран. На социјалните мрежи Трамп напиша:
- Сакам да известам дека САД и земјата Иран, во последните два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со потполно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток.Врз основа на тонот и содржината на овие длабоки, детални и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на неделата, му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади против иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и дискусии“.
Но Иран демантира – Не водиме ни директни ни индиректни преговори со Трамп, САД се повлекува откако слушна дека наши цели ќе бидат сите електрани во Западна Азија. Вклучувајќи ги и виталните водоводните системи.
На објавата на Трамп реагираа берзанските цени на нафтата - Паднаа за скоро 10% и се движат некаде над 100 долари за барел. Експертите алармираат – ако не се случи чудо и војната запре во следните неколку дена – ќе следи најзначајната криза по арапското ембарго на нафта во 70 -тите.
- Значи, освен ако ова не запре некако чудесно во следните неколку дена, ќе видиме многу голем скок на цените на секој материјал низ целиот свет, од енергија до храна, бидејќи всушност земјоделците зависат од ѓубрива и има многу ѓубрива што се произведуваат во регионот. Има многу недостиг, кој доаѓа кон нас, ако не запре доста брзо.“изјави Дмитри Ждаников, уредник на ројтерс за енергија и стоки за ЕМЕА.
Затворениот Ормутски теснец целосно го запре снабдувањето со нафта. Дури и ако утре се отвори, ќе треба долго време за да се нормализира протокот.
- „Оваа недела имавме интервју со шефот на „КатарЕнерџи“ (извршен директор, Саад ал-Каби), и тој рече дека во суштина можеби нема да може да снабдува гас до своите клиенти во Европа и Азија - до некои од неговите клиенти во Европа и Азија - три до пет години. Тоа ви кажува малку што се случува во големата шема на нештата.“
- „Едноставно кажано, војната трае веќе околу 20 дена плус. И од овие 20 дена, светот нема добиено никаква понуда на нафта четири дена. Само помислете на ова: не е како минус 10%, не е 20% помалку, туку е нула понуда четири дена.“
Од почетокот на војната на 28 февруари, цените на горивата постојано растат, како и стравувањата од значитени поскапувања и глобална инфлација.
Меѓународната агенција за енергија веќе размислува за пуштање дополнителни резерви нафта, ако биде потребно, предупредувајќи дека обемот на енергетска криза е потценет .
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
