Loading Video...
Свет
29. November 2026 - 19:37

Преглед на вестите од светот

Српската напредна странка в четврток ќе одлучи дали ќе има свој кандидат на претстојните предвремени претседателски избори. Поранешниот претседател и премиер на Србија, Александар Вучиќ рече дека можни се три сценарија.

Наведе 10 причини зошто смета дека СНС треба да ги бојкотира изборите. Рече дека српскиот Устав во моментот е суспендиран, а допрва ќе се види дали е и укинат. Кажа и дека во моментот не постои поделба на власта во Србија, туку се е во рацете на Пленумците од Паркот.

Меѓу другото, ги обвини и студентите за палење автомобили, политички прогон и затворање новинари, градоначалници, но и напади врз граѓани и претставници на опозицијата.

38 милиони Шпанци гласаат на предвремените општи избори на кои се одлучува дали Шпанците ќе му дадат поддршка на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа или пак ќе се одлучат власта да ја предадат на конзервативната опозиција, на која ќе и треба поддршка од екстремната десница за да формира влада.

Изборите беа распишани половина година пред терминот за редовни откако три десничарски и крајнодесничарски партии гласаа против итните законски мерки што Санчез ги предложи за справување со станбената криза.

Босанскиот град  Јајце ги собра југоносталгичарите по повод 29 Ноември – Денот на Републиката. Граѓани на бившите шест републики го прославија најголемиот празник во поранешна Југославија.
На овој ден во 1943 година се одржа Второто заседание на АВНОЈ на кое беа поставени темелите на идната федеративна Југославија. Одлуките од ова заседание имаа особено значење за Македонија и го отворија патот кон нејзино конституирање како посебна федерална единица. Иако македонската делегација поради воените услови не успеа да пристигне во Јајце, генералнот Михајло Апостолски беше избран за член на Претседателството на АВНОЈ.

Утврдувањето на федеративниот принцип и правото на самоопределување претставуваа важен политички чекор за македонската државност.