Администрацијата на Трамп му се закани на Харвард со укинување на федералното финансирање
Американската федерална администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп, обвини дека Универзитетот Харвард ги прекршил граѓанските права на еврејските и израелските студенти, јави денеска „Волстрит џурнал“.
Според писмо испратено до вршителот на должноста претседател на Харвард, Алан Гарбер, а во кое имал увид весникот, федералната истрага покажала дека начинот на кој универзитетот се однесува со овие студенти претставува прекршување на федералниот закон за граѓански права. Доколку не се спроведат потребните корективни мерки, Харвард би можел да остане без федерално финансирање, предупредува администрацијата.
Трамп претходно изјави дека има намера да изврши притисок врз Харвард, како и врз други елитни универзитети низ САД, за да се стави крај на, според него, „левичарската woke идеологија“ и растечкиот антисемитизам на тие институции.
Ново на Сител
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот