Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
Лилјана невеста, Јован зет. Годинешните младенци се подготвени за Галичката свадба. Манифестацијата ќе се одвива во три дена, исполнета со богата програма која ја оживува вековната традиција на мијачкиот крај.
Празничниот петровденски викенд ќе започне со изведба на монодрама, во чест 150 години од издавањето на Тријазичникот на Ѓорѓија Пулески. Во сабота, на 12 јули ќе започнат свадбените обичаи. Од пречек на тапани, китење на свадбениот бајрак, до симболичното „фрлање пушка“ од куќата на зетот. Изведбата на „Невестинското“ и „Тешкото ќе бидат највпечатливите во денот. Главната церемонија ќе биде во недела за венчавањето на невестата и зетот во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле.
Од 11. до 13. јули организаторите најавија и посебен сообраќаен режим.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар