Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика.
Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување.
Трамп спроведува опсежна кампања за депортација и заострување на имиграциската политика, која вклучува укинување на визи и зелени карти, како и одбивање на барањата поради низа причини, меѓу кои се политички ставови и учество во пропалестински протести.
Трамп тврди дека целта на тие мерки е подобрување на внатрешната безбедност, но неговата политика претрпе неколку правни порази. Американски сојузен судија во петокот ја поништи политиката на администрацијата на Трамп со која беше прекинато издавањето имигрантски визи за баратели од 75 земји, заклучувајќи дека со неа е пречекорена законската овластеност на државниот секретар Марко Рубио.
Стејт департментот не изнесе детали за содржината ниту за времетраењето на обуката. Соопшти само дека нејзината цел е да им помогне на конзуларните службеници да ги препознаат и одбијат барателите за кои се смета дека би можеле да станат зависни од американските социјални надоместоци, како и да се осигура дека сите барања за визи се проценуваат „сеопфатно и доследно“.
„Фајненшал тајмс“ прв извести за суспендирањето на термините. Според весникот, барателите на имигрантски визи кои веќе имале закажано интервјуа во американските амбасади и конзулати добиле електронски пораки во кои се известуваат дека нивните термини се одложуваат и дека дополнително ќе добијат нов датум.
Бројни организации за заштита на човековите права ја осудија имиграциската политика на Трамп, нарекувајќи ја дискриминаторска и тврдејќи дека го крши правото на слобода на говор и правична постапка. Тие исто така предупредуваат дека таа создала несигурна средина во САД, посебно за припадниците на етничките малцинства кои изразуваат загриженост поради расно профилирање.
МИА
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
