Афродита заминала на престој во Холандија, кога се вратила начекала изградена куќа во дворот во Чаир

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, сподели објава, која е посветена на дивоградбите во Чаир, а посебно се осврнува на случајот на чаирчанката Афродита Серафимовска, која со сопругот во 2018 година, заминала на престој во Холандија, и кога се вратила, оградата од нејзиниот двор била турната, а во самиот дворна семејната куќа на Дижонска, имало изградена куќа.
„Има ли некој во Македонија што се бори за правда, што ќе го заштити послабиот и нападнатиот, што ќе помогне оној КОЈ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ПРЕД КРИМИНАЛЦИ!
Афродита Серафимовска од Чаир, храбра жена која се бори за своите права. Во 2018 додека со сопругот престојува во Холандија, преку ноќ во дворот им никнува куќа од непознати луѓе!
И ја рушат оградата, си влегуваат во плац, си градат куќа и ѕидаат своја ограда висока 3 метри ВО НЕЈЗИНИОТ ДВОР!
Откако преку адвокат се пожалила за случајот до надлежните институции, Градежната инспекција на Општина Чаир донела решение за рушење на отпочнатата градба. Објектот требало да се сруши на 06.09.2018 година, но акцијата била наводно одложена.
ДЕНЕС ТАА КУЌА која е ГРАДЕНА ВО 2018 ГОДИНА Е ЛЕГАЛИЗИРАНА од Висар Ганиу, како да е градена во 2011 година.
Афродита дојде да ме посети, долета до Скопје од Холандија со документи и докази, разочарана бидејќи никој не постапува.
“Се обратив кај градоначалниот, но не бев примена таму. До сите институции се обратив писмено до Министерството за правда, до Министерството за внатрешни работи, до градежната инспекција. Ниту една од овие институции не ми помогна”, ни раскажа Афродита.
Од службата за односи со јавност на Општина Чаир во 2018 за медиумите потврдиле дека објектот бесправно се гради и дека неминовно е неговото рушење, но било времено одложено само поради технички причини.
”Општинскиот инспекторат ги презеде сите потребни административни мерки во врска со случајот. Донесено е решение за уривање, но единствена техничка пречка за спроведување на акцијата е недовршената постапка за јавна набавка. Тоа значи дека треба да се избере фирма што треба да ја спроведе акцијата за рушење, не само за овој објект, туку и за неколку други на територијата на општината Чаир. Штом заврши постапката за јавни набавки ќе се применат сите натамошни мерки. Се надеваме дека бргу ќе се реши случајот. Ќе седнеме заедно со сите засегнати страни и ќе најдеме решение. Но, постапката за рушење на објектот ќе се спроведе веднаш штом ќе се одбере компанија”, велат од Општина Чаир во 2018 година, а во меѓувреме во 2023 година знаејќи дека не смеат и дека има спор си го легализирале.
ТОЛКУ!“, напиша градоначалничката Данела Арсовска“, објави градоначалничката.
Ново на Сител
-

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
-

Виртус ја прекина серијата на Партизан
-

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“
-

Голема полициска акција во Скопје и Куманово, меѓу уапсените и Дарлишта од ДУИ | ВИДЕО
