Македонија
18. December 2025 - 12:28

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град

Oбвинителството поднесе обвинение против поранешниот директор на Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад во претпријатието Аки Саити за сторено кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Според истрагата, во текот на октомври, обвинетите не вршеле соодветен надзор и не ги спроведувале законските обврски за собирање и транспорт на комуналниот отпад во Скопје.

Рустеми не ги спроведувал одлуките на Управниот одбор и не обезбедил редовно и квалитетно извршување на комуналните услуги. Саити, пак, иако имал соодветна стручна дозвола, заедно со директорот не презел мерки за правилно управување со отпадот.

Како последица, на повеќе јавни и сообраќајни површини се создале диви депонии, со одлагање отпад покрај садовите за собирање.

Бидејќи истрагата е завршена, обвинителството побара притворот да им биде заменет со мерки на претпазливост, а за управителот за отпад и привремена забрана за извршување на работните задачи