Македонија
18. December 2025 - 21:00

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби

Повисоки казни затвор за залоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата, но и повторно враќање на злоупотребата во јавните набавки како потешко кривично дело... 

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ попладнево ги поднесоа измените на кривичниот законик на кои се чекаше речиси една година откако Уставниот суд и побара Собранието да направи корекција на казнената политика за овие дела за кои претходната власт на СДСМ предвиде пониски казни, а со тоа и полесно застарување.

- „Со членот 11 од Предлогот се додава искористувањето на својата службена положба или овластување како дејствие на извршување на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353, воедно се заострува казнената политика за кривичното дело и се додава нов став 5 кој ги инкриминира злоупотребите при јавните набавки“, стои во образложението на законот.

Според измените, најмалата казна која може да се добие според фамозниот челен 353 за злоупотреби во службата е затвор од шест месеци до три години. Ако со делото функцинерот прибави поголема имотна користи ќе се казни од една до 5 години затвор, додека пак, за значителна имотна корист, казните се движат до 8 години затвор., Се воведува казни и за злоупотреба на јавните набавки и тоа од 1 до 8 години затвро, а ако е причинета штета од поголеми размери сторителот ќе се казни со затвор од четири до 10 години.

Ова значи дека за застарување на делата ќе биде потребно да поминат дури и до 20 години.

Со брзите измени на кривичниот законик од 2023 за кои СДСМ доби остри критики од Брисел, казните беа сведени најмногу до пет години, а целосно беше избришан ставот кој се однесува на јавните набавки.

Сешак, и измените на власта не се целосно враќање на првичните одредби од кривичниот каде што за потешките облици на кривични дела беше предвидена казна од најмалку пет години, што го правеше застарувањето ан делата прилично тешко.

Засега опозицијата резервирана за измените, негодува што не биле вратени претходните решенија што таа ги укина додека беше власт.

Остра реакција стигна и од Мионика Зајкова од ЛДП, таа смета дека и новите казни се ниски.

- „И што добиваме?!? Слични одредби, исти проблеми. Застарувањето повторно ќе биде алиби за неказнивост, широките описи на квалификацијата на делата, можности за политички прогон – особено кога обвинителството и судството функционираат по принцип „разреши“ и замени со свои луѓе3, пишува таа на ФБ

Од друга страна измените добија поддршка од претседателката Сиљновска Давкова.