Агенцијата за млади и спорт ја призна Македонската традиционална таеквондо федерација
Агенцијата за млади и спорт и додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.
Честитки по повод доделеното решение за дејност на Македонската традиционална таеквандо федерација пристигнаа од претседателот на Меѓународната таеквондо федерација, Ри Јонг Сон, како и од претседателот на Европската таеквондо федерација, Мајкл Е Пруит.
Првиот Таеквондо клуб беше отворен на 22 февруари 1992 година во Охрид, под името Таеквондо клуб „Мастер” во Охрид.
Клубот изминатите триесет години има учествувано на седум Светски и шест Европски првенства, со освоени три медали од Светски првенства - златен, сребрен и бронзен, како и шест медали на Европски првенства, од кои три сребрени и исто толку бронзени.
Меѓународната таеквондо федерација на клубот „Мастер” од Охрид му ја додели организацијата на Првото државно првенство во таеквондо, што ќе се одржи од 11 март во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
