АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое, како што се гледа од видеото, измачува куче.
Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше.
Со спроведениот надзор утврдено е дека кучето не е идентификувано со микрочип и не е вакцинирано, за што на сопственикот ќе му биде изречена соодветна парична казна, а како инспекциска мерка за нарушена благосостојба на животното, малтретираното куче е одземено од сопственикот, соопшти Агенцијата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
