Македонија
30. December 2025 - 16:35
АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
Над 600 килограми храна е уништена поради изминат рок, несоодветно чување или сомнително производство. АХВ спроведе засилени контроли во пресрет на празниците. Од вкупната количина нешто повеќе од 500 килограми се месо и месни производи. Изречени се и 60 парични казни.
Во фокус се операторите кои организираат предновогодишни и новогодишни прослави, а се контролираат и останатите кои пред се работат со храна од животинско потекло.
Директорот на АХВ апелира до граѓаните да внимаваат од каде купуваат, да ги читаат декларациите за потеклото и рокот на производите, а во домаќинствата да обрнат повеќе внимание на условите во кои ја подготвуваат и чуваат храната.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
