АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62, став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
-Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ. Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата ПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА објавена на интернет страната на Агенцијата (https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на info@fva.gov.mk, pretstavki@fva.gov.mk, како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи, стои во соопштението.
Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена.
Ново на Сител
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
