Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во телевизиско обраќање до нацијата рече дека неговата земја нема да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за безусловна капитулација.
Тој истакна дека секоја американска воена интервенција несомнено ќе предизвика непоправлива штета.
„Иранската нација цврсто стои против наметнатата војна, исто како што цврсто ќе стои против наметнатиот мир. Иран нема да се предаде на никого, ниту ќе прифати какво било наметнување“, порача Хамнеи.
Тој оцени дека „заканувачките“ изјави на американскиот претседател Доналд Трамп се „смешни“.
„Интелигентните луѓе кои го познаваат Иран, иранската нација и нејзината историја никогаш нема да говорат со заканувачки јазик кон оваа нација, бидејќи иранската нација нема да се предаде, а Американците треба да знаат дека секоја американска воена интервенција несомнено ќе биде придружена со непоправлива штета“, рече иранскиот врховен водач.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
