Македонија
15. December 2025 - 14:09

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово

Вчера во 16:40 часот  во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 14:50 часот е извршен претрес кај осуденикот Б.В.(47) од Скопје, при што кај него се пронајдени марихуана и кафеава материја.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја подигнале дрогата за понатамошна постапка, а по расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.