Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули

На ден 22.12.2025 година се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули.
Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат и Р. Македонија.
Притоа, министерот Муцунски уште еднаш ја реафирмираше својата поддршка и поддршката на институцијата со која раководи – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за клубот и неговите членови. На настанот свои кратки обраќања имаа и претседателот на клубот, Ајдован Адемоски – почесен конзул на Турција, како и генералниот секретар на клубот, Марко Андонов – почесен конзул на Грузија.
Притоа, беа истакнати активностите и достигнувањата на клубот во тековната година, акцентирајќи го приемот на Клубот на почесни конзули како полноправна членка на FICAC – меѓународната федерација на почесни конзули, како и дел од активностите кои се планирани да се реализираат во текот на 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
