АјФон ИксАр е најпродаваниот смартфон на Епл

AјФон ИксАр е најдобро продаван смартфон на Епл откако се појави на пазарот во средината на октомври.
Смартфонот, кој чини 749 долари, беше прогласен заедно со два други модели – АјФон ИксЕс и ЕксЕс Макс. АјФон ИксАр нуди многу од клучните карактеристики на овие телефони, но по пониска цена, а аналитичарите во голема мера го сметаат за обид на Епл да понуди препознавање на лицето и најнов процесор до поголем број купувачи.
Голем број негативни прогнози од добавувачи на смартфони во последниве недели предизвикаа стравувања дека моделот може да не се продава толку добро колку што се надеваше Епл. Таквите коментари, како и загриженоста на инвеститорите од изјавата на Епл на 1 ноември, кога компанијата објави дека повеќе нема да открива детали за продажбата на АјФон, доведоа до пад на акциите на Епл за повеќе од 20 отсто.
Иако Епл не дава целосни податоци за продажбата сега, компанијата редовно им открива на инвеститорите кои модели најдобро се продаваат.
Грег Јосвјак, потпретседател на Епл за маркетинг, прокоментира дека АјФон ИксАр во моментов е „најмасовниот производ и нашиот најпопуларен АјФон“.
Ново на Сител
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
