Македонија
15. јуни 2026 - 16:34
Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
Преку електронска алатка административците ќе учат да ги почитуваат и заштитат правата на граѓаните.
Министерот за јавна администрација и делегацијата на ЕУ потпишаа меморандум кој треба да го подобри квалитетот и да го модернизира секторот кој на граѓаните им нуди директни услуги. Проектот е дел од потребните реформи на јавната админстрација, кои се и едни од клучните чекори на европскиот пат, со оглед дека вп преговорите за членство кластерот за човекови права се отвора прв, а се затвора последен.
Финасиите се обезбедени преку проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. Онлајн алатката за учење за човекови права ќе им биде достапна на 130 000 административци на платформата на министерството за јавна администрација.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
