Македонија
29. October 2026 - 17:06

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев и вработени во приватна болница се под истрага за можни злоупотреби од неколку милиони евра. Сомнежите во моментов ги истражува полицијата - се прават претреси на десетина локации во Скопје, Тетово и Куманово. Во фокусот на истрагата е приватна очна болница, која здравствените услуги ги наплаќала двапати. Еднаш од Фондот за здравство, а потоа плаќале и пациентите според ценовник на болницата.

„Полициски службеници од Одделот за сузбивањена организиран и сериозен криминал при МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, во коориднација со надлежен јавен обвинител за ОЈО ГОКК, во рамки на истражен процес за финансиски злоупотреби во дел од здравството“, велат од МВР.    

Според неофицијалните информации, штетата врз државниот буџет надминува еден и пол милион евра, додека противправно стекнатата имотна корист за болницата се проценува на околу четири милиони евра. 

Министерот за здравство изјави дека проверките на исплатите кон приватната болница тој ги иницирал додека раководел со фондот, бидејќи имало сомнежи дека дел од услугите биле повеќепати наплаќани. 

Освен екс директорот на ФЗОМ, Дончев, со акцијата на МВР и обвинителството се проверува работата и на поранешни вработени во фондот како и одговорни лица во приватната болница. Истрагта опфаќа сомнежи за злоупотреба на службената положба, измама и перење пари. Се испитува и колкумина пациенти приватно ја платите услугата иако била покриена преку Фондот за здравствено осигурување.