Македонија
29. October 2026 - 17:17

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување од македонските институции.

Во ставот објавен на интернет страницата на Амбасадата на Русија во земјава, велат дека биле изненадени од сериозните обвинувања изнесени од АНБ и веднаш побарале средба со министерот за надворешни Муцунски и директорот на АНБ, но одговор не добиле.  

Сметаме дека обидите за префрлање на одговорноста врз Русија за проблемите што постојат во односите меѓу Северна Македонија и некои од нејзините потенцијални партнери од ЕУ претставуваат неуспешен обид да се одвлече вниманието на македонската јавност од вистинските причини за она што се случува.

- И натаму очекуваме од страна на Северна Македониjа да даде разјаснувања во врска со јавните обвинувања против нашата земја, како што налага вообичаената дипломатска практика и одговорноста на државните институции. Притоа, уверени сме дека пријателските чувства што братскиот народ на Македониjа ги негува кон Русија остануваат непроменети. Убедени сме дека тој е способен да ја разликува вистината од лагата и да ги извлече вистинските заклучоци од оваа историjа, велат од Амбасадата. 

Од МНР велат дека барањето за средба е примено и се уште се разгледува во контекст на актуелната состојба во билатералните односи и соработката со Руската Федерација.

МНР не коментира безбедносни проценки, особено кога тие се изготвени од надлежни институции чии проценки целосно ги почитуваме, стои во одговорот кој го добивме.

АНБ на почеток на месецов информираше дека е открена мрежа за ширење дезинформации, влијание врз јавноста во корист на руските интереси и поткопување на евроинтеграциите на земјата, преку користење лажни портали со македонски домени. Приведен е еден македонски државјнин чиј идентитет не се открива, а се сомничи за предизвикување национална, расна и верска омраза, одавање службена тајна и ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

Ова е втор случај годинава во кој АНБ таргетира лица кои ширеле пропаганда во корист на други држави. Во март Агенцијата соопшти дека бугарски државјанин преку Фејсбук страница и преку бот мрежа на информативни портали ширел пропаганда за да поттикне омраза меѓу Македонците и Бугарите.