Акција за подобрување на водоснабдувањето во Скопје, делумен прекин ќе има во неколку населени места
Рано наутро утре (сабота) екипи на Водовод ќе бидат вклучени во акција од Оперативен план чија цел е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода.
- На 31 мај со отпочнување во 00:00 часот планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за што е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Акцијата е предвидена со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на секторите ЕОК, Механизација и Водовод ќе бидат на предвидените локации. Се очекува оваа акција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод, соопшти ЈП Водовод и канализација Скопје.
Како што е наведено во известувањето, со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово,Чаир,Топанско Поле, Автокоманда (само висока зона), Железара и Бутел 1.
Со акцијата ќе се создадат услови за формирање циркуларен прстен за поврзување на двата магистрални цевковода во градот Скопје и се очекува да бидат подобрени хидрауличките услови во водоводната мрежа. Во подготовките биле направени проверки за исправноста на вентили, испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод.
- По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност, сектор Водовод со тим од осум екипи, носители на работата, ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
-
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
-
Диносаурусите можеби имаат одговор за ракот, според британски научници
-
Зеленски: Путин чувствува неказнивост
-
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост
-
Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми