Ако не се најде решение за превозниците, ќе нема кој да ја испорача стоката до Унијата
Владата бара решение за превозниците во Шенген зоната. Со ограничениот престој на само 90 дена и третманот на професионалните транспортери како туристи , ќе нема кој да ја испорача стоката на европските пазари. Во моментов, таму завршува 75% од нашиот извоз. Затоа вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски порача дека доста е со дебати и конференции, европските институци да најдат системско решение.
-Да не зборувам во делот на конкурентноста колку е поевтино стоката што се произведува тука да биде извезена до крајната дестинација од домашен превозник, а колку е поскапо странски превозник да дојде, да ја земе, па да ја однесе таму каде што треба. Ова е навистина голем, голем предизвик за ние да зборуваме за проширување на граничните премини Алекснадар Николоски, министер за транспорт и врски.
Проблемот со превозониците трае со воведување на елеконскиот систем за влез и излез од шенген зоната, односно од април годинава. И покај протестите и блокадите на камионџиите од цел Западен Балкан, Брисел на остапува од правилото – по истекот на 90 дена, мора да се напушти европската држава.
Во моментов единствен начин за да не бидат депортари и протератни превзониците, е склучување билатерални договосри со секоја евроспка земја поединечно. Прва се согласи Швајцарија, потоа и Хрватска и Романија, а во моментов се проговара со Австрија, Словенија, Германија и Унгарија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
