Ако нема Северна во предлогот власта нема да ја поддржи Резолуцијата, ВМРО-ДПМНЕ го свика извршниот одбор
СДСМ ја повлече поддршката на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ таква каква што е и побара во документот за црвените линии во преговорите со Бугарија задолжително да се вметне името Северна Македонија. Доколку тоа нема да се случи, според премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе значи дека власта го крши Уставот, што е неприфатливо.
За премиерот не прифатливо е и користењето на назнаката С. Македонија, која ВМРО-ДПМНЕ ја има ставено кога го достави документот во парламентот до спикерот Џафери
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вечерва на Извршен комитет ќе расправа за ставот на Заев кој првично, како што бирфираат од партијата на Мицкоски, ја прифати резолуцијата таква каква што е, а сега ја одбил.
„Воедно тоа покажува дека Зоран Заев бара формална пречка за нејзино неносење, за да има простор да се пазари со идентитетските прашања и точките од најголемо од национално и државно значење. Отворањето на теми што не делат во однос на Резолуцијата, ја ослабнува македонската позиција во однос на позицијата кон Бугарија. Задача на владата во однос на ова прашање е да не обединува, а не да не разединува“ брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од кабинетот на Џафери веќе една недела нема одговор дали Резолуцијата е стигната до него и дали е уредно поднесена, како и кога би била ставена на седница.
Во Резолуцијата се содржат 8 точки кои ја обврзуваат Владата во преговорите со Бугарија да ги почитува јазикот и историјата врз основа на фактите што ги утврдила македонската и светската наука.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
