Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Студеничани - кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод - кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево - село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково - кај селото Никуштак, во Општина Крушево - кај селата Белушино и Јакреново, во Општина Врапчиште - кај село Ломница, во Општина Желино - кај село Церово, во Општина Тетово - кај село Бродец и во Општина Прилеп - кај село Бонче.
Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње кон Црна Река.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
