Активни пожари на грчките острови Закинтос и Кефалонија, како и во западниот дел на земјата
Шумски пожари утрово се активни на островите Закинтос и Кефалонија, како и во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за евакуација на населените места што се во близина на огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина.
На Закинтос ситуацијата е особено тешка, евакуирани беа две села во јужниот дел на островот, а интервенираат 20 пожарникари со девет возила, два авиони и еден хеликоптер, но не е исклучена можноста противпожарните сили дополнително да се зајакнат.
Пожарот на Кефалонија избувна во текот на ноќта во југозападниот дел на островот, каде што се ангажирани 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, четири авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општината.
Од бројот 112 беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во три села да се евакуираат.
Порака за евакуација имаше и поради пожарот во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, каде што за гаснење на шумскиот пожар се ангажирани 85 пожарникари со три пешадиски тима и 27 возила, а од воздух се гасне со девет авиони и еден хеликоптер.
Според прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилната заштита и климатски кризи на Грција што секојдневно се објавуваат, за денеска многу висок ризик од пожари (категорија четири) има во Атика, на Халкидики, во дел од западна Грција, во голем дел од Пелопонез, на Евија, на дел од островите во северниот дел на Егејското море, како и во североисточниот дел на земјата.
Ново на Сител
-
Европол: Разбиена меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица
-
Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа
-
Мицкоски: Над 720 милиони денари за инвестции во спортска инфраструктура
-
Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“
-
Новозеландска пратеничка исфрлена од Парламентот заради говор за Газа
-
Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД
-
Маск најави тужба против Епл
-
ДЗР: Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена