Македонија
17. July 2025 - 16:29

Активни се 4 шумски пожари низ земјава

Пожарот кој беснее во атарот на општина Велес се приближува кон Свети Николе. Гори кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци. На терен интервенираат два ер трактори на ДЗС, противпожарната служба и припадници на АРМ.

Пламените јазици се ставени под контрола. Се работи за пожар кој има зафатено приватна шума на повеќе сопственици кои воопшто не се вклучиле во гаснењето. 

Активни пожари има во Македонски Брод, Василево и Дојран. 

Во државата се уште е на сила прогласената кризна состојба. Надлежните апелираат да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат отпушоци и да се почитува забраната за движење во шуми.