Македонија
31. July 2025 - 8:44

Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани

 Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари.

Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од државава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер Блек Хок“ и словенечки пожарникари.

Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу селата Галиште и Ќесендре во општина Кавадарци каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација и кракот од пожарот кон селото Градешница во општина Новаци.

ЦУК