Македонија
1. April 2021 - 12:47

Алармантна Ковид состојба во Охрид

Состојбата со Ковид 19 во Охрид алармантна , медицинскиот персонал загрижен од зголемениот број на позитивни пациенти кој од ден на ден постојано расте .Тешко дишење ,високи температури и болки во зглобовите се само дел од симптомите на кои најчесто се жалат заболените а многу често добиваат и панични напади. Моментално во охридската болница хоспитализирани се 103 пациенти на возраст од 37 до 80 годишна возраст од кои повеќето се на кислородна поддршка и со сериозна клиничка слика,само во последните 24 часа биле потрошени 160 боци кислород а дневно има и по 50 амбулантски прегледи. Во Ковид центарот во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“пак има 35 пациенти, што е максимум oд капацитетите за оваа намена во болницата.

Директорот на болницата Балески вели дека болничките кревети се полнат во ковид центри предаптирани се геријатрија,интерното, хируршкото одделение а доколку има потреба пациенти ќе се сместуваат и во нервното одделение.

Инаку само вчера во Охрид беа регистрирани нови 44 позитивни на Ковид 19.Здравствените работници велат дека зголемувањето на бројот на заболени е поради непочитување на мерките за заштита .