Македонија
8. February 2016 - 16:06

Алармантна статистика за мозочни удари, секој ден десетина случаи на неврологија

Секој ден по десеттина пациенти со мозочен удар завршуваат на Неврологија. Наглите промени на времето  за 30 проценти го зголемија бројот на лица со изливи. Пораст има и кај прегледите. За еден месец на новиот апарат за компјутерска томографија биле направени околу 500 снимања. Од Клиниката велат дека дијагнозата се поставува побргу, а болните веќе не ги малтретираат да одат на Радиологија.

-Сликањето што е потребно е тука во истата зграда. Пациентите и да имаат потреба од тромболитична терапија која е единствена терапија во вакви случаи ја добиваат за неполн час. Последниот месец е зголемен и бројот на тромболизирани пациенти на Клиниката, односно лица кои добиле ваква терапија, изјави д-р Игор Кузмановски, директор на Клиникта за неврологија.

На новиот апарат на Неврологија воведени се и нови методи на лекување.

-Тоа се КТ перфузии и КТ ангиографија, а колеги од Клиниката претходно се едуцирани во странство, додаде д-р Кузмановски.

Само во јануари 7 пациенти со мозочен удар навреме добиле тромбилитична терапија и немале сериозни последици од изливот.