Албанец со автомобил пробал да прошверцува 21 килограм свежа пастрмка во државава
Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума.
На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба.
Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.
Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија
-
Сончево и топло со локална облачност
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола