Македонија
13. August 2025 - 20:14

ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола

На територијата на државава денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, три се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, како и во Октишка краст во општина Струга, во село Опае во општина Липково и во село Вирче во општина Делчево, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во село Радуша кон село Дворце во општина Сарај и во општина Арачиново, каде гори ниска вегетација, а во село Мало Илино
во општина Демир Хисар гори дабова шума.

 

МИА