Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
Нема посебна македонска, албанска, турска, српска идинина, има само една македонска иднина за сите. Да покажеме дека остануваме верни на патот на мирот и заедништвото, дека сме научиле од минатото, дека сме подготвени да се гледаме во очи и да кажеме: „Заедно сме посилни“.
Премиерот Мицкоски на свечена владина седница ги испрати пораките по повод 24 годишнината од Рамковниот договор. Имаше и такви кои го злоупотребија наместо за кохезија, да направат поделби и раздор водени од лични интереси, вели премиерот.
Мицкоски дециден дека со законот за правична застапеност, Рамковниот договор е затворен и исполенти се сите обврски.
Иако на Рамковниот договор, и вицепремиерот Изет Меџити, гледа кака на мировен документ и алатка за соживот, тој сепак, со пораки до Уставниот суд по повод постапките за укинување на Законот за употреба на јазиците и Балансерот.
Опозициската ДУИ пак, на Договорот гледа како на исклучиво свој придонес за подобрување на положбата на Албанците. Ахмети во својот порака со обид за делигитимирање на владиниот партнер Вреди.
Од СДСМ без политичка порка по повод 24 години од Рамковниот.
Охридскиот договор беше постигнат по неколку месечни преговори меѓу тогашните политички актери на Македонците и Албанците за стопирање на воениот конфликт. Документот беше потпишан на 13 август 2001 под покровителство на претседателот Борис Трајковски од страна на Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Имер Имери и Арбен Џафери во присуство на специјалните претстваници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју. Сепак, легитимитет му даде и тогашната паравоена формација ОНА, која прерасна во ДУИ како политички субјект. По потпишувањето следеше процес на уставни измени, а од тогаш до денесе се донесени повеќе од 150 закони и законски измени што произлегуваат од неговите одредби - дел од нив и доста контроверзни и критикувани во јавноста.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар