Албанија ќе ги награди со по 50 илјади евра двајцата освојувачи на медали на Олимписките игри

Албанската влада одлучи парично да ги награди двајцата олимписки медалисти Ислам Дудаев и Чермен Велиев.
- Владата одобри награда од 14,7 милиони леки(147 илјади евра) за спортистите кои освоија олимписки медали со високи резултати како и нивните тренери на Олимписките игри „Париз 2024“, стои во објавата.
Одлуката е објавена во Службен весник, каде што се нагласува дека на буџетската програма „За развој на спортот“ се додава фонд од 14, 7 милиони леки како награда на спортистите кои освоија олимписки медали, како и на нивните тренери на Олимписките игри „Париз 2024“.
Освојувачите на медал освен награда во износ од по 50 илјади евра, добиваат и чин полковник во албанската армија.
На 10 август, Чермен Валиев испиша историја во Париз освојувајќи го првиот медал за Албанија во историјата на Олимписките игри, победувајќи го Виктор Расадин од Таџикистан во борење во слободен стил во тежина до 74 килограми.
Вториот бронзен медал на Албанија и го донесе борачот Ислам Дудаев, кој го победи првакот во категоријата до 65 килограми Исмаил Музукајев.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
