Македонија
22. December 2025 - 12:20

Албанската министерка за Европа во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска е домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на соседна Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.

Муцунски и Споропали остварија средба на која како што се најавуваше тема беа билатералните односи и соработката како и можностите за нивното унапредување во областите кои се заеднички интерес.

По средбата двајцата министри одржаа и прес конференција. Еве ги нивните пораки.