Пофалби од Атина за напредокот на Македонија кон ЕУ - Средба на Муцунски и Герапетритис
Грција го пофали напредокот на Македонија кон Европската Унија и најави дека ќе се залага регионот да стане дел од Унијата, кога Грција ќе претседава со Советот на ЕУ во втората половина на следната година. Во рамки на министерскиот состанок во Атина “Пријатели на Западен Балкан”, министерот за надворешни работи, Муцунски имаше билатерална средба со неговиот грчки колега Герапетритис. За билатералните прашања со Грција, Муцунски смета дека Македонија и Грција имаат повеќе работи што ги обединуваат отколку што ги разделуваат.
На средбата меѓу Муцунски и Герапетритис се разговарало за натамошно унапредување преку политички дијалог, инфраструктурно и енергетско поврзување долж Коридорот 10, како и продлабочување на соработката во други области од заемен интерес.
Во Атина, Муцунски се сретна и со унгарската министерка за надворешни работи, Анита Орбан, со која разговарал за европските интеграции на Македонија и Западен Балкан. На средбата била потврдена и континуираната поддршка од Унгарија за членството на земјава и регионот во Европската Унија.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
