Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен
Комисијата што беше формирана за разјаснување на сомнежите околу кардиохируршките интервенции веќе се состанала три пати и ги анализирала првите осум пријавени случаи, изјави министерто за здравство Азир Алиу.
Во интервју за М, Алиу вели дека на првиот состанок била договерна методологијата на работа, а на следните состаноци биле анализирани осумте случаи за кои беше доставена медицинска документација од неколку здравствени установи.
Тој нагласува дека финалниот извештај ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Министерството за здравство, и дека покрај домашната комисија, во процесот се вклучени и тројца меѓународни експерти од Словенија, Италија и Австрија, кои се очекува физички да присуствуваат на следните состаноци.
- Извештајот на домашната комисија и оној на меѓународните експерти ќе послужат како основа за креирање на нови политики во областа на кардиологијата и кардиохирургијата. Задачата на комисијата е да ја прикаже реалноста – понатаму, надлежните институции ќе постапуваат согласно законот, истакна министерот Алиу.
МИА
Ново на Сител
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија