Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
По двојното убиство на Росица и нејзиниот татко кое ја дигна македонската јавност на нозе и по кое се отвори прашањето дали институциите задоцниле во нивната реакција, се проверува дали полицајците навремено интервенирале по пријавите на убиената велешанка. Министерот за внатрешни работи за Сител изјави дека оставка нема да даде како што побарале денеска од СДСМ, а прстот за задоцнети реакции го впери кон судот и обвинителството.
Тошковски во тема на Денот кажа дека има хибриден напад врз државата, но без да открие детали дали овие центри на моќ делуваат, се лоцирани во државата или надвор од неа, бидејќи не сакал да ја наруши предистражната постапка. За последната серија на пожари како Дрисла, Вардариште и Трубарево вели дека има над 20-осомничени. Сомневањата дека пожарите се подметнати, се засилени по последниот случај на пожарот во автосервисот во Пинтија, каде камерите уловија лице кое полева автомобили со гориво, па потоа ги пали.
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи: За хибридниот напад има ама не можам повеќе детали да откријам
Трајното решение за Вардариште го гледа во иселување на околу двесте бездомни лица кои живеат во овој дел. Потребно е сите инволвирани институции за да им помогнат на овие лица.
Тошковски е на иста линија со предлогот на премиерот за сите оние кои предизвикале пожари од ваков обем да се гонат за тероризам. Досега за предизвикување на пожари, фатени се 40тина пиромани. Но, дали серијата пожари имаат политичка заднина?
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар