Алиу: Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови

По повод Меѓународниот ден на ретките болести - 28 Февруари и завршувањето на осмата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“, чија цел е подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат пациентите со ретка болест и нивните семејства, министерот за здравство Азир Алиу порача дека Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови.
Тој посочи дека е сменета процедурата како да се стигне до лековите за пациентите со ретка болест и оти постапката ќе биде тригодишна.
- Првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка. Секоја година пациентите со ретка болест со задоцнување ги добиваа лековите или, за жал, чекаа по една недела или еден месец. Земајќи го предвид моментот дека пациентите се млади, а лековите се поврзуваат со тежината на пациентот, многу тешко е да се направи анализа која ќе биде точна за бројот на пациенти што ќе бидат опслужени во текот на целата година. За таа цел, методологијата се смени и сега веќе отвораме постапка за три години. Во случај ако се трошат повеќе од количините што ги има државата, ние да имаме време да отвориме друга постапка, се со цел граѓаните да ги добиваат лековите навреме. Тендерската постапка ќе биде за три години, односно ќе се користат толку количини за колку што имаме потреба во државата, посочи Алиу.
Тој порача оваа категорија граѓани и нивните семејства да бидат спокојни затоа што државата и Министерството за здравство, како што вели, нема да дозволат ниеден од нашите пациенти со ретки болести да чекаат ниту еден ден за лекови.
МИА
Ново на Сител
-

Израел започна превентивен напад врз Иран, прогласи вонредна состојба
-

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс
-

Трамп „не е задоволен“ од преговорите за нуклеарната програма на Иран
-

Ф1: Кадилак го именува својот болид по легендата Марио Андрети
-

Македонските кошаркари го совладаа Луксембург за трета победа во европските претквалификации
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
-

Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром
