Македонија
27. February 2026 - 19:44

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер на која, како што информираат, било разговарано за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа.

Средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, поминала во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдиле заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот.

- Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности, напиша Мицкоски. 

На средбата во Владата, присуствувале и Евроамбасадорот Михалис Рокас, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

 

МИА

Ново на Сител