Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики

Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места.
- Навистина е задоволство што денеска презентираме проекти кои што се поддржани од Владата, преку буџетот на општината и програмата на Светска банка, во вредност од некаде 1,2 милиони евра, што претставува една значајна поддршка за Општина Новаци - изјави Николоски.
Тој посочи дека во индустриската зона се инвестираат околу 40 милиони денари со поддршка од Владата, дополнети со средства од општината, со цел создавање нов простор за развој на стопанството и отворање нови работни места.
- Ова треба да претставува нова индустриска зона не само за Новаци, туку и за општините кои што гравитираат околу Новаци и илјадници луѓе да си ги најдат работните места и среќата тука - рече Николоски.
Тој му честиташе на градоначалникот за визијата и упорноста во реализацијата на проектот, посочувајќи дека инфраструктурата околу индустриската зона е веќе завршена, а сега започнува изградбата на внатрешната инфраструктура во зоната.
- Првите две фабрики од лесната незагадувачка индустрија веќе се градат. Драго ми е што веќе сите парцели се продадени, што се најавени и нови инвестиции кои што ќе се рализираат - додаде вицепремиерот Николоски.
Паралелно, преку проект што се реализира со поддршка на Светска банка, во општината се инвестираат дополнителни 520.000 евра за рехабилитација и изградба на улици, а до крајот на годината Николоски најави и поддршка за нови проекти подготвени од локалната самоуправа.
-Разговаравме со градоначалникот до крајот на годината да излеземе со поддршка за уште еден до два проекти кои што ги има спремни општината, што е надвор од она што се вика редовни средства и активности на општината. Ако на ова се додаде дека интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, ова ќе значи едно целосно заживување за Општина Новаци и ќе продолжиме да ја поддржуваме општината секаде онаму каде што можеме - рече Николоски, кој претходно беше во посета на општина Могила.
Ново на Сител
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
-

Ученик физички нападнат од наставник во основно училиште во Шуто Оризари
-

ОКТА воведува попуст од два денара по литар дизел гориво
