Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата
Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.
Во гостување на ТВ Сител, Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе се изготви завршниот извештај. Нема да се оди со делумни информации во јавноста поради сензитивноста на случајот и пред се, за да се поштедат пациентите и нивните семејства.
Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.
-Не можеме да кажеме временска рамка кога би завршил процесот, но делумно нема да информираме за резултатите, туку ќе ги соопштиме кога ќе бидат конечни. Процесот е затворен, таква ни е методологијата. Денеска се завршени осум наоди, имаме и нови кои ќе се анализираат од наредниот вторник. Паралелно со Комисијата барав и претставници од Лекарската комора. Тие најверојатно од наредната недела ќе почнат да разгледуваат по четири - пет ад-хок случаи од 2023 до 2025 година од приватните и државните клиники и на крај, заедно со тројцата странски експерти ќе донесеме краен извештај, кој ќе биде затворен. Потоа ќе се направи работна група која ќе ги имплементира политиките што ќе произлезат од овие документи. Крајно време е сите да бидеме одговорни, да не дозволиме процеси надвор од стручните, строго дефинирани протоколи, подвлече Алиу.
Тој е свесен за недовербата на граѓаните во здравството, но таа, напомена, не е од сега, туку од поодамна. Еден од начините за подобрување на ситуацијата, рече, е дигитализација. Потсети дека се работи на 205 милиони евра инфраструктурни инвестиции.
Ново на Сител
-
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари
-
Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата
-
Со повреда влегов во ринг - со вера ја освоив светската титула | Бобан Илиоски | Sitel Podcast 115
-
Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот
-
Разбиена сириска мрежа: Парите од дрога ги претворале во златни прачки кои биле транспортирани и во Косово и во Македонија
-
Кремљ го обвини Трамп дека го принудува светот да купува скапи американски енергенси
-
По седум месеци „платен одмор“, отпуштените службеници во САД се враќаат на работа
-
Зеленски ги повика светските лидери на итна акција против Русија