Македонија
24. March 2026 - 13:15

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице

На 23.03.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар  го лишиле од слобода Н.Д.(33) од с.Сопотница, демирхисарско. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64)  од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка.

По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Ново на Сител