Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата

Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата, наведува министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласува дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата.
- Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои се многу добри специјалисти, работат на високо ниво и се почитувани во земјите каде што работат. Ние не сакаме овој човечки капацитет да остане неискористен - додава министерот во пишаната изјава.
Според него, преку телемедицината ќе се овозможи овие професионалци да придонесуваат директно или од далечина во здравствениот систем на Северна Македонија. Тој информира дека имал директна комуникација со претставници на академските институции и многумина од нив изразиле подготвеност да придонесат, дури и без финансиски надомест.
- Проектот веќе влезе во почетната фаза на имплементација. Телемедицината е пилотирана во два града, во Дебар и во Делчево, каде што здравствените услуги се обезбедуваат од далечина од главниот град, Скопје - истакнуваат од Министерството за здравство.
Според Алиу, првата фаза е пилотирање, додека втората фаза ќе се фокусира на стандардизација на процедурите за телемедицина, со цел системот да се прошири и да ги вклучи и лекарите кои работат надвор од земјата.
Тој додава дека третата фаза ќе вклучува развој на дигитални системи за напредни анализи, особено во областа на радиологијата. Преку овие системи, како што се додава во соопштението, лекарите специјалисти од дијаспората ќе можат да даваат професионални мислења за случаите што се третираат во здравствените институции во земјата.
Според министерот, телемедицината не само што ќе помогне во подобрување на пристапот до здравствени услуги, туку ќе создаде и одржлива мост-соработка со професионалците од дијаспората.
МИА
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
