„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери

На 556 пензионери, кои имаат платежни сметки во банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати.
Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.
Истовремено, на сметките на „АЛТА банка“ АД Битола денеска се уплатени и средствата наменети за исплата на социјалната помош од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со тоа се создадени услови исплатата на средствата за корисниците на социјална помош да започне од утре, 6 ноември.
Потсетуваме дека филијалата на „АЛТА банка“ во Битола утре (6.11) ќе работи во две смени, а ќе работи и во сабота. Очекуваме по извршените подготовки, следната недела да се отворат шалтери и во другите градови.
Народната банка продолжува со преземање активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија за постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите.
Ново на Сител
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
-

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки, нашите позиции се јасни и принципиелни
-

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
