„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
Американската компанија „Амазон“ (Amazon) се подготвува за идното најавено производство на 10.000 самоуправувачки „роботакси“-возила годишно. Огромната фабрика се наоѓа близу Силиконската долина во САД, влегувајќи така во пазарна битка со „Вејмо“ (Waymo), којшто засега е предводник на теренот, а и Илон Маск со неговата „Тесла“ сака да ѝ се приклучи на „трката“.
Веста за фабриката од 20.440 квадратни метри за производство на „роботаксија“ беше званично објавена денеска и тоа означува нова фаза во напорите на „Амазон“ да се пробие во оваа технологија. Компанијата го најави својот интерес за овој пазар пред пет години кога инвестираше 1,2 милијарди долари во новата компанија за самостојно возење возила - „Зукс“ (Zuks), како што ќе гласи и името на новото „роботакси“ на „Амазон“.
Брендот „Зукс“, како што е планирано, треба да започне со превоз на патници во Лас Вегас, Невада - до крајот на оваа година, и во Сан Франциско следната.
„Вејмо“ беше лансиран како таен проект на „Гугл“, а почна да работи како „роботакси“ услуга во Феникс, Аризона, САД, пред речиси пет години. Потоа се прошири во Калифорнија - во Сан Франциско, Лос Анџелес и на крајот - во Остин, Тексас. Компанијата-пионер тврди дека досега спровеле над 10 милиони платени возења со своите самоуправувачки возила.
Ново на Сител
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места